-e293d229-29dd-4423-90ad-628776a841c0-jpeg_2000w.jpg)
За нас
Традиција, углед и посветеност кон безбеден сообраќај од 1957 година
За нас
Традиција, углед и посветеност кон безбеден сообраќај
Здружение на возачи – Штип (ЗВ Штип) е организација со длабоки корени и углед во областа на авто-мото услугите во регионот на Штип. Основана во 1957 година на иницијатива на група возачи и автомеханичари, а како независна станица за технички преглед сме официјално регистрирани од 1998 година. Континуирано ги прошируваме и подобруваме услугите за нашите клиенти.

Нашата експертиза
Темелна проверка за сигурно и исправно возило
При прегледот ги проверуваме сите аспекти на возилото: сопирачки, управувачки систем, суспензија, светла, пневматици, издувен систем, сигурносна опрема и друго. Особено внимание посветуваме на безбедносните елементи, затоа што од нив зависи вашата заштита во сообраќајот.
Општествена одговорност
Едукација и превенција за побезбеден сообраќај
Како дел од нашата заложба за сервис на возачите, активно учествуваме во едукативни и превентивни кампањи, соработка со локални институции и организирање бесплатни превентивни технички прегледи во одредени периоди од годината. Веруваме дека информираните и одговорни возачи придонесуваат за побезбеден сообраќај за сите.
